Полека, но сигурно се приближува 24 март и нашиот меч со Италија во Палермо во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар. Се разбира дека јавноста со нетрпение го чека датумот кога селекторот Благоја Милевски ќе го објави списокот со играчи за дуелот со „аѕурите“.
„Па, има време. Ќе чекаме до последно што се вели. Секако дека тоа ќе биде следната недела, веројатно 15-16 март. Нека помине и претстојниот фудбалски викенд, па потоа ќе биде објавен списокот“ вели Милевски за “Спортмедиа“.
Секако дека едно од главните прашање е дали ќе може да се смета на Аријан Адеми.
“Што се однесува со Аријан Адеми јас сум во постојан контакт со него. Засега информациите не се позитивни, неговиот настап со Италија е под голем знак прашалник со оглед на повредата, но ајде да почекаме до вторник – среда следната недела, сепак да се надеваме дека ќе може да сметаме и на него“ заврши Милевски.