Италијанскиот шампион Интер го загуби првиот меч од осминафиналето на ЛШ од Ливерпул на „Џузепе Меаца“ со 0:2. Сега за да пројде понатаму ќе му треба триумф со ист резултат и повисок на „Енфилд“ што за тренерот Симоне Инзаги не е невозможна мисија. Тој вели дека Интер не заслужил со таков резултат да патува во Ливерпул, но и дека ја знае формулата за успех на реваншот.
„Одигравме добар натпревар, а резултатот беше суров кон нас. На реваншот не очекува тежок натпревар, но одиме со голема мотивација. Многу е важно да постигнеме гол во првото полувреме. Го спремавме мечот за три дена, момците се концентрирани и знаеме дека играме против најдобриот тим во Европа заедно со Баерн и Манчестер Сити. Дадовме се од себе на првиот меч, а сигурно тоа ќе го направиме и на Енфилд. Од стартот мораме да бидеме сериозни и ќе мора во првото полувреме да дадеме гол, а притоа да не примиме“, изјави Инзаги.
Кај Интер ќе недостасува суспендираниот Николо Барела. По повредата се враќа Иван Перишиќ.