Александер Зверев беше исфрлен од турнирот во Акапулко откако на мечот во двојки вербално и физички го нападна судијата. Тој на крајот на мечот удираше со рекетот по неговото столче.
АТП веднаш го казни парично со максимална казна од 20.000 долари за вербална навреда и исто толкава сума за непспортско однесување, исто така му ја зеде и заработувачката на овој турнир која изнесува 31.000 долари.
Од АТП најавија дека дополнително ќе го разгледаат ова однесување на Зверев, а откако го сторија тоа му изречија нова казна. Германскиот тенисер заработи дополнителна парична казна од 25.000 долари и суспензија од осум недели за настап на АТП турнрите.
Со ова се потврди дека во светот на спортот нема место за вакви инциденти, и сите оние кои ќе ги повторат ќе се соочат со големи казни.