„Немам проблем со предизвикот пред кој се соочуваме“ рече Лампард запрашан што и како на мечевите против Вулверхемптон односно Њукасл в недела и на 17. март.
„Јас ќе бидам подготвен за тие мечеви, играчите ќе бидат подготвени. Мора да бидат подготвени“ додаде Лампар па поентираше.
„Не излегувам на терен со магично стапче. Јасно е дека очекувањата од мене се големи. Како играч, поминав низ илјадници вакви периоди. Генерално, атмосферата е добра и не можеме да ја изгубиме. Мора да размислуваме долгорочно. Има уште 13 натпревари. Важно е да се остане позитивен, но не и глупаво позитивен“, изјави поранешниот англиски репрезентативец.