ЛШ: Баварската машина го уништи Салцбург (ВИДЕО)

146

Германскиот шампион Баерн (М) е прв патник во четврфиналето од Лигата на шампионите. Баварците го растурија Салцбург со 7:1 и покажаа дрка оние 1:1 од првиот меч во Австрија беа нереални за конечниот исход од ова осминафинале.

Фудбалерите на Баерн (М) за само половина час од почетокот на дуелот ставија точка на каква било неизвесност. Левандовски погоди во 12. минута од пенал за 1:0, а веќе во 21. Минута и вторпат реализираше од белата точка за 2:0.

Третиот гол на Полјакот стигна во 23. минута, додека во 31. Минута Гнабри ги постигна конечните 4:0 по првиот дел.

Ништо не се промени ниту во вториот дел. Баварците продолжија да бараат начини за нови погодоци, па прв стрелец во вториот дел беше Томас Милер. Од свртување успеа по само 10 минути игра во вториот дел да донесе и 5:0 за баварците.

Гостите беа упорни и на 20 минути до крајот младиот Кјергард погоди за намалување на 5:1. Баерн (М) тактички се обидуваше да го затвори мечот со нов гол, па Томас Милер во 83. минута погоди по вторпат, овој пат за 6:1. Три минути подоцна и Сане се запиша меѓу стрелците за конечни 7:1.

ПретходноБарселона го продаде името на стадионот за 280 милиони евра
СледноЛШ: Ливерпул промашуваше, Лаутаро погоди за пирова победа на Интер (ВИДЕО)