Килијан Мбапе беше јунак на својот тим на првата осминафинална средба меѓу ПСЖ и Реал Мадрид во Лигата на шампиони, тој го постигна единствениот гол.
Францускиот репрезентативец допатува со својот тим во Мадрид за реванш мечот, вечерва ќе игра уште од првата минута, повредата не е сериозна.
Мбапе е во центарот на вниманието се следи секој негов чекор, добро е познато дека со месеци се зборува дека следното лето ќе го облече дресот на Реал Мадрид. По пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“, тој го „скенираше“ стадионот.
По она што може да се види, Мбапе е воодушевен од овој стадион, кој се уште е во процес на реновирање и ќе биде еден од најубавите и најмодерни во светот кога целосно ќе заврши реновирањето.
🎥 Kylian Mbappe checking out the Santiago Bernabeu. pic.twitter.com/2SyvJNj2qJ
— Madrid Xtra. (@MadridXtra) March 8, 2022
Видеото стана за кратко време хит на социјалните мрежи.
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ се игра со почеток во 21 часот.