Давид Бабунски одново добива повик за А репрезентацијата на Македонија. По подолго време некогаш големата надеж на Македонскиот фудбал, сега член на тимот на Дебрецен се наоѓа на списокот на нашата најдобра репрезентација овојпат од страна на селекторот Благоја Милевски.
Бабунски одигра добри мечеви во последно време за својот тим, а она што е уште поважно е фактот што повик заедно со него добива и неговиот брат Дориан, кој по трансферот од Ботев Враца зимава токму во Дебрецин, постигна три гола и се покажа како полн погодок за Унгарскиот прволигаш.
Со ова, по подолго време имаме братски тандем во националниот дрес, и тоа пред клучниот полуфинален меч против Италија во Палермо на 24 март.