Завршија сите пет меча од одложеното 22.коло. Оние што беа одложени поради снегот во саботата.
Во дербито Работнички дома успеа да ја победи Шкендија. Убав, интереен меч со многу шанси на двете страни и голема победа на Работнички.
Мајсторски гол на Марио Станковски, потоа со шанси на тетовци во финишот да израмнат, но сепак на крајот се покажа дека Работнички знае да игра и да победува и ја „кутна“ Шкендија на третата позиција во пресрет на третиот круг во ПМФЛ.
Под Шара без победник. Ренова и Шкупи одиграа 0:0, иако се играше релативно квалитетно, сепак мрежите останаа нечепнати.
Супер – Академија. Каков меч за „“пандевци“? Струмичани со 5:0 го потпија Борец и сега вториот круг го завршуваат на второто место во пресрет на “бергер“ распоредот.
„Лавовите“ и натаму газат. Нова четврта победа оваа пролет во исто толку мечеви. Попладнево во Струга, Македонија ЃП со 1:3 ја победи домашната Струга ТЛ. Инаку да го споменеме мајсторскиот гол на Сефер Емини.
Конечно победа за Брегалница оваа пролет. И тоа едвај, и тоа против Пелистер. Конечно Илчо се израдува. Да го споменеме и невидениот кикс на Денковски, голманот на Шкупи кога просто им подари на битолчани 1:1, сепак на крајот „сините“ победија.
Инаку во саботата во првиот меч од ова 22.коло во Кавадарци, домашниот Тиквеш со 3:0 славеше над Скопје.
РЕЗУЛТАТИ – 22.КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 2:1
(Станковски 22., Рушевиќ 59./ Шаља 25.)
РЕНОВА – ШКУПИ 0:0
БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР 2:1
(Џокиќ 33., Георгиев 74./ П. Љамчевски 51.)
А.ПАНДЕВ – БОРЕЦ 5:0
(Манев 13., Маронг 16., Горгиев 28., Хаџановиќ (п) 52./, Велиновски 83.)
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:3
(Шабани (п) 86./Попзлатанов 20., Стојкоски 22, Емини 45.)
ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 3:0
(Нгоба 45., 60., Ризов 88.)