Ужас: Шампион и неговото семејство загинаа во Украина

297

Украинскиот шампион во самбо Артјом Применко, кој има само 16 години, и целото негово семејство загинале за време на руското бомбардирање на градот Суми. Информацијата е соопштена од тренерот на спортистот Евгениј Леоненко. Заедно со Применко загинале мајка му, татко му, баба му и двајцата помали браќа Егор и Кирил.

Досега неколку спортисти загинаа во војната во Украина. Потврдена е смртта на кикбоксерот Евген Звонок, биатлонецот Евген Малишев, фудбалерите Виталиј Сапило и Дмитро Маритненко, како и кошаркарот Богдан Попов.

ПретходноМуарем Бајрами – Македонија ЃП: Горд сум на моите играчи, ова беше наша најдобра партија пролетва!
СледноКрај на 20-годишната успешна соработка: Италијанците ќе имаат нов спонзор