Њукасл изненадувачки би можел да го обезбеди потписот на германскиот репрезентативец од екипата на челзи, Антонио Ридигер.
29-годишниот стопер не ја отфрли можноста повторно да потпише со „сините“ од „Стемфорд Бриџ“, но се чини многу поверојатно е негово заминување од Лондон.
Клубовите како Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен се поврзуваат со дефанзивецот, но Њукасл верува дека тој има најдобра стартна позиција во преговорите. Рудигер пристигна во Челзи од Рома во 2017 година, и оттогаш го освои ФА Купот, Лигата на Европа и Лигата на шампионите со тимот.