„Сонцата“ први обезбедија плеј-оф, Њујорк го потопи Далас (ВИДЕО)

224

Кошаркарите на Феникс се првата екипа која обезбеди пласман во плеј-офот со победата од 111:90 против Мајами. Девин Букер се врати по пауза од четири натпревари поради болест и беше најефикасен во победничкиот тим со 23 поени, девет асистенции и осум скока. Мајкл Бриџис додаде 21 поен и девет скока, а Деандре Итон 19 поени и 10 скока.

Феникс е најдобриот тим во лигата со 53 победи и 13 порази и е првиот учесник во овогодинешниот плеј-оф. Санс ги победија сите 29 противнички тимови оваа сезона, за првпат од сезоната 2006/2007.

Кошаркарите на Денвер стигнаа до четвртата последователна победа во НБА лигата совладувајќи го Сакраменто со 106:100. Денвер и овој пат беше предводен од српскиот центар Никола Јокиќ кој средбата ја финишираше со 38 поени, 18 скока и седум асистенции, а Монте Морис постигна 20 поени, вклучувајќи и решавачка тројка во завршницата.

Денвер во еден момент имаше и 18 поени предност, но Сакраменто успеа да поведе со 96:95 со тројка на Барнс, за потоа Јокиќ и Морис да постигнат последователни две тројки и да ја заверат победата.

Кошаркарите на Милвоки ја совладаа Атланта со 124:115 и го остварија шестиот последователен триумф, Минесота ја совладаа Оклахома со 132:102 и ја постигнаа шестата последователна победа, додека Њујорк го потопи Далас и тоа на гости совладувајќи го со 107:77.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Бостон 101-115

Детроит – Чикаго 108-114

Мајами – Феникс 90-111

Хјустон  ЛА Лејкерс 139-130

Милвоки – Атланта 124-115

Минесота – Оклахома 132-102

Њу Орлеанс – Орландо 102-108

Далас – Њујорк 77-107

Сан Антонио – Торонто 104-119

Сакраменто – Денвер 100-106

Јута – Портланд 123-85

ЛА Клиперс – Вашингтон 115-109

ПретходноРидигер изненадувачки може да се пресели во Њукасл?!
СледноПокетино бесен: Срамота! Што гледаа тие во ВАР собата?