ЛЕ: Барса и Севиља го продолжуваат походот кон финалето

198

Денеска треба да се одиграат уште 5 натпревари од осминафиналните дуели во УЕФА Лигата на Европа. Оваа фаза од турнирот веќе започна синоќа со натпреварите Порто – Лион (0:1) и Бетис – Ајнтрахт (1:2).

РБ Лајпциг директно се пласира во четвртфиналето поради официјалната елиминација на Спартак (Москва), а вечерва во фокусот ќе бидат настапите на двата главни фаворити за титулата, шпанските гиганти Барселона и Севиља.

Барса по елимнинацијара на амбициозниот Наполи, сега ќе имаат условно полесен противник во турски Галатасарај. Турците се во втората половина од поредокот во домашниот шампионат и тешко дека можат да бидат сериозен ривал, особено на премиерата денеска на „Камп Ноу“.

Севиља ќе се сретне со Вест Хем, кој е исклучително силен оваа сезона во Премиер лигата, а покажа дека има нескриени амбиции и во Лигата на Европа. „Чеканите“ се надеваат дека можат да го продолжат маршот кон финалето, но Севиља е рекордер по освоени трофеи во ова натпреварување и нема сомнеж дека и годинава ќе настојуваат да дојдаат до финалето.

ПретходноНејмар и Донарума за малку ќе се степале во соблекувалната
СледноЃоковиќ до крајот на март ќе остане без настап на АТП турнир