„Три“ се повлекува од спонзорството на Челзи!?

552

Како домино ефект во последните 24 часа пристигнуваат лошите вести на адреса на тимот на Челзи. По “замрзнувањето“ на целиот имот на Роман Абрамович, вклучувајќи го тука и самиот клуб, следуваше е санкцијата со која се забранува да се продаде самиот клуб на нов сопственик, да се потпишуваат нови договори со играчите, и да се продаваат сезонски билети.

Конечно, од денеска и еден спонзорите на Челзи, комуникациската компанија „Три“, објави дека ги преиспитува односите со клубот по санкциите што британската влада ги воведе на сопственикот на Лондон, Роман Абрамович. Компанијата, која е претставена на дресовите на „сините“, објави соопштение во кое вели: „Во моментов сме во разговори со Челзи и ја преиспитуваме нашата позиција“.

 

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 22.КОЛО: Супер Марио….
СледноДиего Симеоне воодушевен од пресвртот на Реал