Македонија триумфално против Азербејџан

247

Женската фудбалска репрезенација на Македонија до 17. години предмалку на квалификацискиот турнир во Албанија, ја совлада соодетната селекција на Азербејџан со високи и убедливи 3:0.

Во игра во која нашитње девојки тотално доминираа и беа далеку подобар противник, ние поведовме уште во 27. минута преку Анастасија Илиевска, за да во 39. минута веќе биде 2:0. Стрелец беше Михаела Настовска.

Во второто полувреме продолжи нашата добра игра крунисана и со трет гол овојпат на Слаѓана Ѓоргиевска.

Со овој триумф ние ги освоивме првите три бда на овој турнир, откако во првото коло загубивме од Шкотска. Во последното коло се среќаваме со домаќинот Албанија.

 

ПретходноРФМ ги пушти во продажба билетите за дуелот меѓу Македонија и Романија
СледноЗА ЕДНА НЕДЕЛА УШТЕ 5 МИЛИОНИ ЗАВРШИЈА КАЈ ИГРАЧИТЕ СО МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТ