Завршува ерата на Меси и Роналдо: Има нови правила во изборот за „Златна топка“!

2402

Л`Екип“ кој го издава магазинот „Франс фудбал“ објави дека ќе има нови, и тоа револуционерни, правила кои ќе важат за 2022 година, во изборот на „Златната топка“. По скандалот, барем така сметаше поголемиот дел од светската фудбалска јавност зошто освојувач беше Меси а не Левандовски, организаторот на оваа престижна манифестација се одлучи за промена на некои правила.

Па така сега нема да се смета календарската година, туку сезоната. Значи успесите и игрите на СП во Катар ќе се сметаат за наредната година, за 2023 година. Ова како пример.

Во гласањето ќе учествуваат само новинарите од првите 100 земји кои се на ФИФА листа, односно нивните репрезентации.

Исто така најважен ќе биде индивидуалниот настап на самиот играч, а не освоените пехари и трофеи на неговата екипа. В предвид ќе се земе и фер-плејот на самиот играч, односно неговиот став на самиот терен.

Тоа ќе биде главниот критериум под кој ќе се бодуваат номинираните фудбалери кои ќе се борат за „Златната топка“.

Ова се критериуми под кои во иднина тешко дека Меси и Роналдо, кои во изминатите десет и повеќе години си се менуваа во освојувањето на „Златната топка“, повторно ќе можат да дојдат до ова признание.

ПретходноКишварда го бара Зајков, Ворскла го пушта единствено на позајмица
СледноИ „Најк“ му откажува на Челзи!?