Зарем е можно: Во Украина се бомбардираат и стадиони! (ФОТО)

502

Несфатливо. Што им се виновни стадионите? Навистина. Во нападот на Русија врз Украина, кој трае повеќе од две недели, страдаат и стадионите. Имено како што објавуваат медиумите во Украина, Русите деновиве го бомбардирале и уништиле стадионот „Јуриј Гагарин“ на ФК Десна од Чернихов, екипа која игра во елитната лига на Украина.

Како што се гледа од фотографиите стадионот кој беше со капацитет од 12.000 гледачи сега веќе го нема. А и теренот е „изоран“ од бомбите.

По третпат. Окупаторите од Москва го гаѓаа најопасниот воен објект во градот -а тоа е стадионот на нашиот клуб. На фотографиите се гледаат последиците од бомбардирањето. Повторно ќе го изградиме и ќе бидеме уште посилни. А вие `пријателски соседи`, со ова ќе мора да живеете до крајот на вашите животи“ објавија од ФК Десна на своите социјални мрежи.

May be an image of outdoors

Image

Image

Image

Image

ПретходноИ „Најк“ му откажува на Челзи!?
СледноБорче Христов: Работнички има што да покаже утре на дербито на Чаир!