Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, ја одбил најновата понуда на клубот за продолжување на договорот, објави новинарот Фабрицио Романо.
Понудата која ја добил уште во декември, а според раководните лица била доволно добра, сепак, Салах и неговиот агент Рами Абас Иса одлучиле да ја отфрлат, со образложение дека предложената плата не е задоволителна. По нивното одбивање, не се одржани нови разговори меѓу двете страни.
Сепак, напаѓачот најавува дека сака да остане на „Енфилд“, а актуелниот договор му истекува во летото 2023 година. 29-годишниот Египќанец има уште една одлична сезона за „црвените“ со 27 гола и 10 асистенции во 34 натпревари.