До април ќе има нов менаџер на „Олд Трафорд“: Четири кандидати за жешкото столче

422

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед ќе биде познат до крајот на април. Ова е заеднички заклучок на управата на клубот, која сака да му се даде време на новиот тренер да ја подготви својата визија за клубот според моменталната ситуација и да изгради нов тим кој ќе го врати Јунајтед во битката за титулата.

На списокот на потенцијални наследници на Рангник има четири имиња, а интересно е што Рангник би можел да остане на клупата, доколку на „Олд Трафорд“ не пристигне ниту еден од посакуваниот квартет. Ерик Тен Хаг и натаму е прв фаворит и тој е „пулен“ на Рангник кој ја дава својата поддршка за него. По заминувањето на Овермарс од Ајакс, холандскиот стручњак сега е многу поотворен за заминување од Амстердам.

Што се однесува до Покетино, неговата судбина во ПСЖ најверојатно е решена со испаѓањето во осминафиналето од Лигата на шампионите. Иако има договор со „светците“ уште една сезона, Аргентинецот сака да го напушти клубот и дури според некои информации не би имал ништо против да се врати во Англија и да го преземе Манчестер Јунајтед.

Третиот „пик“ на Јунајтед е Томас Тухел, кој би можел да го напушти Челзи, доколку клубот не најде купувач и практично стане заробеник на ситуацијата околу Роман Абрамович. Последното, малку и нереално очекување на газдите на Јунајтед е Карло Анчелоти. Иако неговите позиции се сигурни во реал, неуспех во Лигата на шампионите, но и желбата да сврти нова страница може да го натера да се пресели во Англија.

ПретходноАл-Келаифи му рекол на Леонардо да си ги собере „парталите“
СледноЗАПАД: Вардар на Арената ќе го напаѓа Охрид, Воска и Силекс пред нови победи…