Денеска од 15 часот се играат сите пет натпревари од 19.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, ова е инаку прво од третиот круг сезонава. Секако дека белег на ова коло би требало да биде враќањето на Вардар на Арената или некогашен Градски. Имено нашиот најтрофеен клуб за првпат во својата историја во самостојна Македонија ќе биде домаќин на натпревар како второлигаш на Градски. „Комитите“ ќе бидат на запад, се најавува спектакл. Вардар мора, ама баш мора да победи и да се надева на некој кикс на Воска Спорт.
А Воска Спорт во Охрид го дочекува тимот на Кораби. Ако се биде според планот на стратегот Раде Цицмиловиќ овој тим не би требало да има проблем да го победи Кораби и на тој начин да ја задржи разликата од пет бода.
Силекс во Кратово се среќаваат со составот на Беса. По двата кикса во првите две кола, минатиот викенд лидерот победи и денеска од него се очекуваат нови три бода.
Во останатите мечеви Тетекс игра со Велешта и Гостивар со Кадино.
ДВОЈКИ ЗА 19.КОЛО – ДЕНЕСКА 15 Ч
СИЛЕКС – БЕСА
ВОСКА СПОРТ – КОРАБИ
ВАРДАР – ОХРИД
ТЕТЕКС – ВЕЛЕШТА
ГОСТИВАР – КАДИНО
ТАБЕЛА
1.СИЛЕКС 46
2.ВОСКА СПОРТ 39
3.ВАРДАР 34
4.ТЕТЕКС 25
5.ГОСТИВАР 22
6.БЕСА 20
7.КОРАБИ 20
8.ОХРИД 19
9.ВЕЛЕШТА 17
10.КАДИНО 6