Заврши дербито од 23.коло во ПМФЛ на Чаир, во кое лидерот, тимот на Шкупи со 2:0 успеа да го победи Работнички. Со тоа чаирчани ја добија скопската пресметка. Три бода со кои Шкупи „ЛЕТА“ кон титулата. Стрелци на головите беа Адетунџи и Радески. Ова беше 16 гол за Адетунџи со што се израмни со лидерот на листата на стрелците Мартин Мирчевски.
Инаку Работнички и во третиот меѓусебен дуел со Шкупи не успева не само да победи, туку не успева ниту да постигне гол.
Инаку мечот започна со шанса за гостите, и тоа онаа на Марјан Ристовски, но неговиот шут заврши над голот. Следуваа двете шанси за домашните, прво преку Стоилов а потоа и на Сенгор, и двете беа по удари со глава, но гостинскиот голман одлично одбрани.
Па така на пауза се замина со 0:0, иако видовме добар, квалитетен прв дел.
Во вториот дел Шкупи брзо поведи, и тоа со голот на кој друг ако не Сандеј Адетунџи. Тој убаво ја искиристи гужвата пред голот на Мустафа и стрекаше во таа 50.минута. Гостите сигнализираа дека имало офсајд од страна на Ѓорѓиевски, но голот беше признат.
По тој гол Шкупи продолжи со исто темпо, иако имаше водство. Од друга страна Работнички сакаше од контри да дојде до израмнување. Во 63.минута нововлезениот Марио Станковски се закани, но без успех. Чаирчани имаа шанси, но секогаш тука беше Бурхан Мустафа.
Во 84.минута откако доби црвен картом, односно втор жолт, играта мораше да ја напушти Маргвелашливи.
Сепак и тоа не беше доволно Работнички да се спаси од пораз, напротив, Шкупи во 90.минути преку Радески постигна уште еден гол за конечни 2:0,и со тоа освои големи три бода.
Утре се играат четири меча од ова коло, а ќе има прволигашки фудбал и во понеделник.