Во германската Бундес лига актуелниот шампион и моментално лидер на табелата Баерн Минхен одигра 1:1 на гостувањето кај Хофенхајм. Домашниот тим поведе со гол на Баумгартнер во 32. минута, а изедначи Левандовски во 45 минута. Хоф е петти на табелата, а Баерн останува лидер со 10 поени повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.
На другите натпревари Фрајбург го совлада Волфзбург со 3:2 и продолжува да се бори за ЛШ (моментално го држи четвртото место), а Унион и Штутгарт одиграа 1:1.
Баерн постигнал гол(ови) на 73 бундеслигашки натпревари по ред подобрувајќи го својот рекорд но и рекордот во најсилната германска лига.