Добри вести од Загреб. Капитенот Стефан Ристовски не е тешко повреден што значи дека ќе ја предводи нашата репрезентација на претстојниот дуел со Италија во плеј-офите за пласман на СП 2022. За време на големото дерби меѓу Хајдук и Динамо, Ристовски побара замена во финишот на мечот и со болна гримаса со напушти теренот.
За среќа не е ништо сериозно па Ристовски за брзо ќе се најде на терените. Аријан Адеми не беше во составот на „модрите“ на дербито поради повреда. Всушност македонскиот репрезентативец тренираше со екипата и беше во комбинација, но тренерот одлучи да не ризикува со него туку да му даде дополнително време за рехабилитација.