Новинарот на шпанска „Марка“, Рамон Алварез, тврди дека напаѓачот на ПСЖ , Килијан Мбапе, кој на лето ќе стане слободен играч, веќе потпишал договор со Реал Мадрид на 30 јануари.
На потпишувањето на договорот од страна на играчот присуствувал адвокат, а од Реал Мадрид генералниот директор Хозе Санчез и потпретседателот на клубот за економски прашања, Педро Хименез.
Мбапе одлучил осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Реал Мадрид да нема да влијае на неговата одлука за иднината, па документите беа потпишани на крајот на зимскиот преоден рок, тврди новинарот.
Од Реал Мадрид зависи кога официјално ќе биде објавено потпишувањето на договорот со Мбапе. Играчот би сакал тоа да се случи на крајот од сезоната.