На Челзи му се заканува одземање на бодови поради финансиска неликвидност?!

222

Имотот на Абрамович е замрзнат, спонзорите ја откажуваат соработката, Челзи не може да продава билети за натпреварите и на домашните и на гостинските навивачи, а клубот не може да работи, да купува или продава играчи или да ги обновува договорите. Исто така, не смеат да потрошат повеќе од 20.000 фунти за какво било гостување.

„Мирор“ пишува дека играчите наскоро би можеле да почнат да патуваат со комерцијални линии наместо со приватни авиони на евтини летови и дека повеќе нема да престојуваат во хотели со пет ѕвезди.

Во Челзи расте стравот дека нема да можат да ги подмират сметките поради новонастанатата ситуација, па дури се загрижени дека би можеле да се соочат со одземање на бодови, поточно одземање на 9 бода поради финансиска неликвидност и акумулиран долг.

Плаќањата за играчите и персоналот се закажани за 1 април, а месечните трошоци на Челзи се проценуваат на 28 милиони фунти. Има пари од резервите за следниот месец, но ако наскоро не му се дозволи на Челзи да работи нормално, да заработи од продажба на билети, пари од ТВ права и да игра во Лигата на шампионите, дури тогаш ќе следат вистинските проблеми.

ПретходноСедло, Адеми и Несторовски во изборот за најдобар странец кој настапувал во Хрватска
СледноПСЖ убедлив против Бордо, свирежи за Нејмар и Меси (ВИДЕО)