Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на Астон Вила, Филипе Кутињо, пренесува каталонскиот весник „Спорт“. Клубот веќе стапил во контакт со агентот на Бразилецот, кој игра во тимот од Бирмингем како позајмен од Барселона. Вила има право да го купи играчот за 40 милиони евра.
Доколку четата предводена од Стивен Џерард се откаже од Кутињо, тогаш Арсенал ќе влезе во битката. „Топчиите“ се подготвени да ја платат потребната сума за трансферот на Филипе, а воедно имаат намера да го задржат со платата што ја добива во Барселона и да му дадат долгорочен договор.