Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се врати на голот на Рајо Ваљекано на денешниот дуел со Севиља во рамките на 28. коло на Ла Лига. Тој го почна мечот во стартните 11 за домашните, кои извадија реми 1:1 против фаворитот, и со тоа успеаја конечно да ја прекинат црната серија од пет последователни порази во лигата.
Домашните дури и поведоа на самиот почеток на второто полувреме со голот на Бебе, но Севиља успеа да се врати во егал со погодокот на Дилејни во 63. минута.
Standings provided by SofaScore LiveScore