Феникс ги прегази Лејкерс, Џејмс со нов уникатен рекорд (ВИДЕО)

109

Кошаркарите на Феникс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 140:111 во ноќешното дерби во НБА лигата и им го нанесоа 10-от последователен пораз на гости. Девин Букер ги предводеше Санс со 30 поени и 10 асистенции. Во победата учествуваше Деандре Ејтон со 23 поени и 16 скока, а Мајкл Бриџис постигна 18 поени.

Леброн Џејмс со 31 поен, седум скока и шест асистенции ги предводеше гостите. Тој стана единствениот играч во НБА лигата кој постигнал најмалку 30.000 поени, 10.000 скока и 10.000 асистенции во својата НБА кариера. Џејмс стигна до 10.000 асистенции во текот на втората четвртина.

Кошаркарите на Филаделфија победија по продолжението во дуелот со Орландо со 116:114. Џоел Ембид беше најефикасен во победничкиот тим со 35 поени со 16 скока и седум асистенции.

Кошаркарите на Атланта синоќа ја совладаа Индијана со 131:128 и ја постигнаа 13-та победа во последните 15 натпревари во НБА лигата. Уште едно блескаво издание имаше Треј Јанг со 47 поени, од кои 33 ги постигна во првото полувреме. Деандре Хантер и Данило Галинари постигнаа по 15 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Филаделфија 114:116 (п)

Атланта – Индијана 131:128

Њу Орлеанс – Хјустон 130:105

Оклахома – Мемфис 118:125

Феникс – ЛA Лејкерс 140:111

Детроит – ЛА Клиперс 102:106

Бостон – Далас 92:95

ПретходноТухел: Не размислувам да си одам пред да заврши сезоната
СледноИспуштивме четири шанси за бронзен медал на ЕП во борење во Пловдив