Наумовски на списокот на Милевски

2813

Како награда за она што го одигра, односно одбрани во досегашниот дел од сезоната, голманот на Шкупи, лидерот на ПМФЛ во моментов ќе биде повикан за А репрезентацијата на Македонија.

Спортмедиа дознава дека Наумовски по подолг период ќе биде дел од репрезентацијата на Македонија на историскиот дуел против Италија, кој е дел од полуфиналето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Наумовски  има досега шест настапи за А репрезентацијата, а дебитираше во 2009. година.

Чуварот на мрежата во моментов има 33. години и имаше богата интернационална кариера, пред да се врати на голема врата во домашниот шампионат и да  биде еден од најдобрите играчи на Шкупи сезонава.

 

ПретходноТер Штеген добива конкуренција: Чави го враќа детето на Барса од Галатасарај
СледноДибала и Киелини се подготвени за реваншот