Србија со осум „странци“ ќе ја напаѓа Македонија

1094

Репрезентацијата до 21. година на Србија, односно нејзиниот селектор Горан Стевановиќ го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за дуелот против Македонија кој се игра на стадионот на Вождовац на 24. март.

Јавноста во Србија е разочарана од изведбите на оваа генерација која не го прикажа она што се очекуваше од неа во оваа кампања, па сега во последните четири меча ќе се обиде да ја поправи ситуацијата.

Повик добива за прв пат Филип Станковиќ играчот на Интер на позајмица во Волендам (Холандија), инаку синот на Дејан Станковиќ прославениот ас на Србија во мометов тренер на Црвена Звезда.

Голмани: Милош Гордиќ (Црвена звезда), Новак Мичовиќ (Чукарички), Филип Станковиќ (Волендам)

Одбрана: Виктор Роган (Чукарички), Дамјан Павловиќ (Стандард), Страхиња Ераковиќ (Црвена звезда), Борис Поповиќ (Серкл Бриж), Димитрије Каменовиќ (Лацио), Урош Дрезгиќ (Чукарички), Дамјан Даниќиќ (Динамо Загреб 2), Андрија Радуловиќ (Црвена звезда)

Средина: Јован Лукиќ (Чукарички), Иван Илиќ (Верона), Един Ајдиновиќ (Вождовац), Марко Ивезиќ (Вождовац), Никола Терзиќ (Партизан), Немања Јовиќ (Партизан), Стефан Митровиќ (Раднички), Жељко Гавриќ (Ференцварош), Милош Пантовиќ (Вождовац), Стефан Томовиќ (Пролетер)

Напад: Слободан Терзиќ (Цволе) Урош Млановиќ (Радник)

 

ПретходноСтруга Трим Лум – Шкупи во петок, останатите в сабота
СледноРаботите се промени преку ноќ: Таткото на Меси го направил клучниот повик