Чиро Имобиле ја донесе победата на Лацио над Венеција во последниот меч од 29. коло на италијанската Серија А. Искусниот голгетер постигна погодок во 49. минута кој беше поништен поради офсајд, но затоа во 57. минута не погреши од пенал.
Со тој гол Лацио ја победи Венеција со 1:0, а Имобиле го реализира 144 гол со што е на врвот на најдобрите голгетери на Лацио во најсилната италијанска лига. Зад него е легендарниот Силвио Пиола со гол помалку, а третото место го држи Џузепе Сињори со 107 гола.
Лацио е на петтото место на табелата со 49 бода, а Венеција е на 18. место со 22.