Надал со 17. победа по ред сезонава се пласира во 1/8 финале на Индијан велс

177

Шпанскиот ветеран Рафаел Надал се пласира во осминафиналето Индијан Велс од серијата Мастерс 1000 во Соединетите Американски Држави. Надал успеа да го совлада британскиот тенисер Даниел Еванс со 7:5 и 6:3 во сетови што е негова 400 победа на Мастерс 1000 турнирите. Исто така Шпанецот стигна до 17 едноподруго победа во 2022 година.

Да потсетиме дека Надал беше пред елиминација од Корда претходното коло но волшебно се врати и го доби мечот. Сега играше посигурно и подобро, па пласманот во осминафиналето е заслужен. А таму ќе игра со подобриот од Денис Шаповалов и Рајана Опелка кој се игра во моментов.

ФОТО: Тwitter/BNP Paribas Open

ПретходноНов блесок на Бензема, Реал слави и на Мајорка! (видео)
СледноТалески: Ќе биде поразлично од ЕП, се враќаат Лазаров, Маркоски и Стоилов!