Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, мирно го прифати ремито со Кристал Палас во гости (0:0). „Граѓаните“ создадоа многу ситуации за гол, но не успеаја да стигнат до победата и сега имаат четири бода пред вториот во поредокот Ливерпул кој има натпревар помалку. Според Пеп, причината за ремито не е недостатокот на среќа.
„Игравме многу добро. Имаше некои грешки, но генерално се претставивме на високо ниво. Не постои нешто како „среќа“ во фудбалот. Треба да постигнете гол, а ние не го направивме тоа на овој меч. Тоа беше единствениот проблем. Се обидовме, но не успеавме да го добиеме натпреварот. Зошто не направив замени? Затоа што тие што беа на теренот играа одлично“, изјави Гвардиола.
„Кристал Палас ни ги направи работите потешки. Остануваат уште многу натпревари до крајот на сезоната и треба да оствариме уште многу победи, но не можам да жалам за начинот на кој одигравме денес“, додаде каталонскиот стратег.