И официјално стадионот „Ренцо Барбера“ ќе биде со максимален капацитет на трибините од околу 36.000 гледачи на бараж мечот за СП во Катар меѓу Италија и Македонија. Имено властите и дозволија на Фудбласката федерација на Италија да пушти во продажба уште 10.000 билети за мечот на 24 март во Палермо, а тоа значи дека ќе стадионот ќе биде преполн. Претходно 26.000 билети експресно беа продадени.
Инаку познато е дека досега на стадионите во Италија, поради корона – кризата, гледачи максимално можеше да има 75% од капацитетот.
Сепак ова е важен меч, како за нас така и за Италија.
Како што веќе објавивме, нашата репрезентација ќе има поддршка од најмалку 1.500 фанови, а ФФМ организира превоз на два автобуси до Палермо.