Вистинска “бомба“ од Франција и Англија. Имено како што известува Л`Екип, а тоа го пренесуваат медиумите во Англија, по се изгледа дека Челзи ќе биде исфрлен од Лигата на Шампините.
Поради новите санкции кон Роман Абрамович, Европската Унија по се изгледа дека ќе му забрани на Челзи да патува во Лил на реванш мечот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, а потоа УЕФА ќе мора тој меч да го регистрира со 3:0 за Лил. Што значи тимот од Франција ќе оди во следната фаза.
Дали ова навистина ќе се случи, дали европскиот првак на овој начин ќе ја предаде круната останува да се види вечерва или најдоцна утре.