Со голот на Ренан Лоди во 42. минута, фудбалерите на Атлетико (М) обезбедија водство од 1:0 на гостински терен против Манчестер Ј. во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите. По нерешените 1:1 во Мадрид и двата тима влегоа внимателно во мечот, но во првиот дел видовме неколку одлични ситуации кои му претходеа на голот на Лоди.
Прво Еланга од непосредна близина не успеа да погоди во мрежата на Облак, а потоа беше поништен гол на Жоао Феликс поради офсајд.
На дуелот во Амстердам, Ајакс и Бенфика на пауза заминаа без погодок. Домашните имаа повеќе од играта, вршеа притисок кон голот на Влаходимос, но и неколкуте отворени шанси за гол не успеаја да ги реализираат.
🇧🇷 Renan Lodi scores. Beautiful play from Atleti and good weak-foot assist from Griezmann 🇫🇷
(Man United 0-1 Atletico Madrid) AGG: 1-2#UCL
— Wyngback Soccer ⚽️ (@wyngback) March 15, 2022