Австралиецот Александар Волкановски, инаку по потекло од Македонија и актуелен шампион во УФЦ во перолесна категорија, во моментов се подготвува за нови борби, нови предизвици.
„Сакам да останам во перо категорија, да не излегувам во лесна. Сакам да се натпреварувам во меѓу категории, да бидам двоен шампион. Во перо таму е Конор МекГрегор, тој беше шампион. Мојот сон е борба со славниот Ирец. Конор остана непоразен во перо категорија и победа над него ќе остане како големо наследство за мојата кариера“ изјави Волкановски.