Ориги бира помеѓу Милан и Аталанта

132

Мандатот на интернационалецот од Белгија, Дивок Ориги во тимот на Ливерпул е при крај. Тој ретко добива шанса за настап во силната конкуренција во моментов, а на лето е слободен играч. Па така, тој сигурно ќе сака да си замине од Енфилд некаде каде што реално ќе има поголема минутажа, и каде што ќе може да се врати во својата препознатлива форма.

Италијанските медиуми велат дека тој има две сериозни опции, а тие се преселба во Милан или пак тимот на Аталанта. Милан е во битка за титулата и сигурно дека ќе сака засилувања на лето, а и Аталанта е доста амбциозен тим во моментов. Од друга страна пак, медиумите во Англија велат дека Ориги има понуда за нов договор со Ливерпул но тешко дека истиот ќе го прифати. Белгиецот бара годишна плата помеѓу 3.5 и 4 милиони фунти.

 

ПретходноБурки заминува во Америка (ВИДЕО)
СледноНаковска Бикова е европски шампион во стрелање со воздушен пиштол