Ако Облак замине во Њукасл, во Атлетико доаѓа Влаходимос

115

Секако дека тимот на Њукасл со оглед на богатиот сопственик за следната сезона ќе сака да гради супер тим. А истиот би започнал со нов првокласен голман. Пикиран е ни помалку ни повеќе туку Јан Облак еден од најдобрите голмани во светот во моментов и членот на Атлетико Мадрид. Словенецот сеуште нема потпишано нова соработка со Мадрид, па можно е да дојде до евентуален трансфер.

Доколку се случи тоа, на голот на Атлетико би застанал во моментов голманот на Бенфика, Одисеас Влаходимос кој брани во извонредна форма во моментов, и заедно со неговиот тим е пласиран во самата завршница на Лигата на Шампионите.

 

ПретходноНаковска Бикова е европски шампион во стрелање со воздушен пиштол
СледноВидал притиска за трансфер во бразилски клуб