Баскет Кам 2011 го освои 9. место во ВАБА лигата

102

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 го освоија деветтото место во своето премиерно учество во женската Јадранска Лига. Во реванш средбата денеска успеаја да ја надокнадат негативата од 15 поени во двомечот со белградски Партизан.

Пред своите гледачи во Македонска Каменица Баскет Кам 2011 славеше над Партизан со 113:95.

По израмнетото прво полувреме кое, со минимални (48:47) им припадна на нашите шампионки, работите почнаа да се менуваат во продолжението на средбата во која одбраната како и да не постоеше на двете страни од теренот.

По три одиграни четвртини, македонскиот шампион водеше со (74:68), а до потребната позитива од 15 поени стигна во средината на последната четвртина кога поведе со (91:86).

До крајот на регуларниот дел, избранишките на тренерот Јордан Цветановски ја задржаа таа предност (99:84), по што мораше да се одигра продолжение од пет минути.

Во екстра периодот домашните кошаркарки беа подобри, и го реализираа во своја корист со (113:95), доволно да го освојат деветтото место во премиерниот настап во WABA лигата.

Претходно„Милионерите“ славеа во Мајнц и дојдоа на 4 бода од Баерн (М) (ВИДЕО)
СледноЛампард: Ако играме со страв од испаѓање, тогаш шансите тоа да се случи се големи