ЛШ: Познати се сите четвртфиналисти, в петок во Нион ждрепката за оваа фаза, но и за полуфиналето

946

 

Вечерва се одиграа последните осминафинални мечеви од тековната сезона во Лигата на Шампионите. Последни патници во четвртфиналето се Челзи и Вилјареал, овие клубови ќе им се приклучат на останатите екипи кои претходно обезбедија пласман во следната фаза. Само да споменеме дека во четвртфиналето нема ниту една екипа од Италија,но затоа има по три од Англија и Шпанија, и по една од Германија и Португалија.

ОВА СЕ ЕКИПИТЕ КОИ СЕ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО

АТЛЕТИКО МАДРИД (Шпанија)

БАЕРН МИНХЕН (Германија)

БЕНФИКА (Португалија)

ЛИВЕРПУЛ (Англија)

МАНЧЕСТЕР СИТИ (Англија)

РЕАЛ МАДРИД (Шпанија)

ЧЕЛЗИ (Англија)

ВИЛЈАРЕАЛ (Шпанија)

Ждрепката за оваа фаза од ЛШ ќе се одржи в петок во Нион, во седиштето на УЕФА. Нема да има ограничувања, секој со секого може да се падне. Во исто време ќе се одржи и ждрепката за полуфиналето, значи ќе се знае „костурот“ односно распоредот на тоа кој со кого може да се падне и се така до финалето во Париз.

ТЕРМИНИ ЗА ЗАВРШНИЦАТА ВО ЛШ

Четвртфинале: 5/6 април и 12/13 април

Полуфинале: 26/27 април и 3/4 мај

Финале: 28 мај (Стад де Франс, Париз)

ПретходноЛиверпул го покори „Емирати“ и дојде на бод зад Манчестер Сити во битка за титулата (ВИДЕО)
СледноТухел по историскиот триумф: Ви благодарам што ми ја уништивте вечерта