Дешамп повика 29-годишен дебитант во селекцијата на Франција

278
0

Селекторите на Франција Дидие Дешамп го одреди списокот за претстојните пријателски натпревари со БС Коска и Јужна Африка. Меѓу 23 фудбалери се и двајца дебитанти, офанзивниот играч за врска Кристофер Нкунку но и фудбалерот на Ленс Џонатам Клаус кој игра како десен бек и десно крило.
Клаус кариерата ја градеше во екипи како Авранш, Кевили во Лига 2, Арминија Билефелд во 2 Бундес лига, а во 2020 година премина во Ленс.
А Нкунку е играч на РБ Лајпциг. Има 24 години, а претходно играше за Пари Сен Жермен.
На списокот ги нема Верету, Лемар, Упамекано, Зума, Менди, Марсијал и Дембеле.
Од искусните тука се Погба, Канте, Гризман, Бензема, Мбапе, Коман, Варан, Дињ, Павар, Кимпембе, Лукас Ернандес, Јорис…

ПретходноЦентрален бек на Палас ќе дебитира за Англија, во „аут“ се Рашфорд, Санчо, Вокер
СледноТешка повреда на капитенот на Сосиедад, неизвесен е и за СП 2022