Познати пoлуфиналистите во одбојкарскиот куп на Македонија

217

Одбојкарките на Струмица успеаја да се пробијат кон полуфиналето на националниот одбојкарски куп, откако славеше во реванш дуелот од четвртфиналето против Пелистер Волеј со убедливи 3:0. Екипата на Пелистер Волеј славеше во своја сала на првиот натпревар од фазата на најдобрите осум, но го загуби реваншот на гостински терен без да освои сет, па четвртопласираната екипа во првенството обезбеди влез во куп полуфиналето. Во него ќе бидат и Работнички со две победи над Вардар ЕМ, како и Наковски Волеј во соочувањето со Македонија Макс. Не би требало да има дилеми ниту на двомечот меѓу бранителките на тронот, одбојкарките на Јанта волеј Кисела вода, исоставот на Фит фан волеј, затоа што фаворитките се радуваа на првиот меч со 3:1.

Епилогот беше очекуван и во машка конкуренција. Полуфиналисти на купот се Струмица 47&72, Вардар, Шкендија и Универзитет во Тетово, односно четирите најдобри екипи во шампионатот. Сите забележаа двојни победи над ривалите во четвртфиналето, без да загубат сет. Освојувачите на ланската двојна круна над Весна Пробиштип,Вардар над ГОК Борец, Шкендија над Лирија и Универзитет во тетово над Штип УГД.


Куп (мажи), четвртфинале 


Весна Пробиштип – Струмица 47&72                       0:3 (10:25, 12:25, 15:25)

Струмица 47&72* – Весна Пробиштип                    3:0 (25:12, 25:11, 25:12)

Вардар – ГОК Борец                                                 0:3 (25:22, 25:16, 25:15)

ГОК Борец – Вардар*                                               0:3 (21:25, 12:25, 21:25)

Лирија – Шкендија                                                     0:3 (17:25, 23:25, 17:25)

Шкендија* – Лирија                                                  3:0 (25:13, 25:23, 25:13)

Штип УГД – Универзитет во Тетово                          0:3 (11:25, 14:25, 11:25)

Универзитет во Тетово* – Штип УГД                      3:0 (25:13, 25:18, 25:23


Куп (жени), четвртфинале


Фит фан волеј – Јанта волеј Кисела вода        1:3 (25:21, 21:25, 18:25, 18:25)

Јанта волеј Кисела вода – Фит фан волеј              (денеска, 20.00)

Вардар ЕМ – Работнички Скопје                      0:3 (19:25, 8:25, 24.26)

Работнички Скопје* – Вардар ЕМ                   3:0 (25:21, 25:22, 25:16) 

Македонија Макс – Наковски волеј                   0:3 (18:25, 16:25, 22.25)

Наковски волеј* – Македонија Макс               3:0 (25:11, 25:12, 25:10)

Пелистер волеј – Струмица жени                     3:2 (9:25, 13:25, 25:23, 27:25, 15:5)

Струмица жени* – Пелистер волеј                  3:0 (25:14, 25:12, 25:16)

ПретходноВиљареал со пласманот во 1/4 финалето си ќари 50 милиони евра!
СледноАуууу, каква игра: Романија „патосирана“ во Скопје, Македонија со плус осум во Букурешт (ФОТО)