Готово е. Доста е со критиките за Филип Талески, за ФИЛИП “МАКЕДОНСКИ“. И дефинитивно вечерва покажа дека и тоа како знаел, дека тој и како е екстра класа. Десет голови, „цепелини“, супер – акции,маестрално “читање“ со Кире,со сите останати.
Нема што, БЛЕСКАВ ТАЛЕСКИ. Талески каков што досега не сме го гледале во дресот на Македонија.
Тој Талески просто го излуде Чави Пасквал, селекторот на Романија, Се менуваа чуварите,но никој ништо не му можеше, Филип го наполни голот на гостите.
На крајот овации од фантастичната публика,честитки од соиграчите,од селекторот,од цела македонска ракометна нација.
Ова беше вечер на Талески. И другиот Филип,оној Кузмановски беше маестрален, секако исите останати,но Талески беше нешто посебно.
БРАВО ТАЛЕСКИ
БРАВО ФИЛИП“МАКЕДОНСКИ“,- капа долу мајсторе…СЕКОЈА ЧЕСТ…
На крајот шеретска насмевка. Знае и тој дека од вечерва па натаму тој ќе боде ракометниот херој на Македонија.
Таков Талески сакавме долго време – ете го добивме.