Нема веќе дилеми дека Шкупи е пред освојување на титулата. Попладнево во Струга со 1:3 успеа да го победи домашниот тим на Струга ТЛ со што освои големи три бода. Ова беше меч од 24.коло, дерби, со кое се отвори колото. Сите останати се играат утре.
Добра игра од двете страни, сепак чаирчани имаа повеќе шанси, постигнаа три гола, и заслужено победија.
Треба да се спомене дека Струга ТЛ поведе, имаше водство и тоа со феноманалниот гол на Босанчич. Но потоа работите си се поставија на свое место. Адетунџи, Радески и Имери со пресврт покажаа дека во моментив чаирчани се класа за себе.
Во првиот дел домашните први се заканија преку Малески. Шкупи врати во 18.минута со шансата на Ѓорѓиевски, а во 25.минута тој заедно со Адетунџи не се разбраа пред голот на Талески и шансата отиде во неврат.
Струга ТЛ поведе со фантастичниот гол на Босанчиќ во 45.минута кога од далечина го затресе голот на гостите. Босанчиќ. Сепак на пауза не се отиде до водство на домашните, врати Адетунџи во 45+3 минута за 1:1.
Во вториот дел гостите подобри. Имаа повеќе шанси, а постигнаа гол во 71.минута и тоа преку Радески.
Нововлезениот Данфа во 84.минута направи дар – мар, но сепак немаше гол, Имери беше во идеална ситуација, но стружани спасија чист гол.
Но затоа Имери во 88.минута сепак погоди, по една убава акција на гостите за 1:3.