Денеска започна СП во атлетика во Белград во сала. Од нашите атлетичари единствен претставник беше Јован Стојоски, рекордерот на 400 метри. Велиме беше зошто утринава Стојоски истрча далеку послабо од своето најдобро време и не успеа да ја мине квалификациската трка. Тој во својата квалифакациска група заврши како четврти со резултат 47.80. Колку за потсетување, најдоброто време на Стојоски е 47.18 истрчано годинава.
Инаку во услови на пандемија, сепак на ова СП во Белград, ќе учествуваат 700 атлетичари од 138 земји.