СПОРТМЕДИА во Букурешт, Марија Ковачева
Уште многу малку останува до стартот на реванш мечот со Романија во рамките на битката за место на СП 2023 година. За да се освои Букурешт најважен ќе биде пристапот.
Добро е што голем дел од нашите ракометари имаат големо искуство, па заедно со младите сили, треба да бидат добитна комбинација за потврда на пласманот во следниот бараж.
„Пристапот треба да е сериозен без разлика на тие осум разлика во Скопје. Мислам дека ќе биде тешко, Романците ќе направат сè за да го стигнат тој резултат и не треба да се опуштиме и треба да пристапиме сериозно. Имаме големо искуство, имаме искусни ракометари и тоа го покажавме во четвртокот. Во склоп со младите сили, кои треба да помогнат и да ги наследат искусните ракометари, мислам дека сме на добар пат да обезбедиме продолжување на континуитетот на големите натпреварувања. Физички Романија е доста спремна, тоа е нивниот адут. Во романското првенство сите екипи се физички доста спремни, играат добар ракомет, имаат добар селектор и тој склоп им носи напредок во играта на репрезентацијата“, изјави Гоце Ојлески.
Мечот меѓу Романија и Македонија е закажан со почеток во 17 часот.