Екипата на Гостивар доби казна од Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ за дуелот против ТФТ на гостински терен во рамките на 18. коло. Оваа средба избраниците на Александар Јончевски ја изгубија со убедливи 95-86, а по завршување на истата од таборот на Гостивар се огласи со соопштение, во кое имаа и забелешки за судењето.
По оваа рекација следеше парична казна, Гостивар ќе мора да плати 10.000 денари.