Миркуловски: Првата цел е остварена, со толку многу технички грешки тешко се победува!

635

Македонската ракометна репрезентација ја оправда улогата на фаворит против Романија. На реванш мечот беше поразена со (24-22), резултат кој не смени ништо во остварување на целта, пласман во последниот бараж меч за место на ново Светско натпреварување. Таму нашите момци ќе играат против Чешка, добро познат ривал. За разлика од Романија, во април нашите момци ќе мора да играат на перфектно ниво, бидеќи Чесите имаат силна репрезентација.

Во Букурешт мечот не беше убав за очи, Македонија не се бранеше, напротив сакаше да излезе како победник од оваа средба, но според еден од најискусните во нашите редови, Филип Миркуловски, техничките грешки беа бројни. Во едно вакво сценарио тешко е да се победи.

„Со осум разлика дојдовме во Букурешт, не излеговме со мисла да ги одбраниме, ама игравме доста лошо. Ако во Скопје имавме една техничка грешка цел меч, тука имавме пет во првите две минути, а на крај вкупно 15. Било која селекција се победува тешко со толку технички грешки“, ни изјави Миркуловски.

Секако на крајот се гледа оставреното, а тука Македонија не потфрли. Во Скопје на своите фанови им подари убедлива партија по кам-бекот на трибините, а секој меч е искуство. Истото вели дека против Чешка ќе треба повеќе за да се направи главниот чекор кон Мундијалот.

„Првата цел е остварена, ја минавме Романија, која не беше наивен противник, доста се подготвувавме, добра репрезентација, но се изборивме за тој бараж. Чешка е слична репрезентација на нас. Искусен тим, со играчи кои играат во Германија. Тешка ќе биде задачата но мора да ја исполниме нашата цел“, вели Миркуловски.

Македонија е гостин на првиот дуел против Чешка, истиот се игра на 13. април во Злин, додека реваншот е на 17. истиот месец во Скопје.

ПретходноРамос нема дилеми каде ќе игра следната сезона!
СледноТФТ и Феникс во важна битка за Супер-лига