„Со Манасков сме 30% посилни, но нема да ризикуваме по секоја цена“

598

Дејан Манасков поради повреда долго време е надвор од терените. Не беше во составот на македонската репрезентација на Европското првенство во Унгарија, ниту пак за пресметките со Романија.

Левото крило веќе тренерира во сала, но неговиот кам-бек во „црвено-жолтиот“ дрес за бараж дуелот против Чешка за пласман на Светското првенство 2023 година и натаму е под знак прашалник.

Кирил Лазаров по мечот во Букурешт изјави дека нема да го форсираат, ниту да ризикуваат со него, ќе остават сам да одлучи дали ќе биде подготвен.

„Треба да видиме каква е ситуацијата со Дејан Манасков, треба тој да одлучи. Нема да ризикуваме ние по секоја цена со него, затоа што тој треба да каже каква е ситуацијата. Со него сме 30% посилни и поискусни, тој е многу важен играч за нас и би сакал да го имаме, ама не по секоја цена за, не дај Боже, да го загубиме повторно. Го посакувам во тимот, ама ќе видиме што и како ќе биде“, изјави Лазаров.

Македонија е гостин на првата средба против Чешка, која се игра на 13. април, реваншот е закажан за четири дена подоцна во Скопје.

ПретходноКулушевски: За мене и моето семејство Македонија е многу важна!
СледноСтрашно: Во Индија се урна трибина, има најмалку 200 повредени! (ВИДЕО)