Добра вест за селекторот Благоја Милевски во пресрет на историскиот меч со Италија во Палермо. Имено Аријан Адеми е спремен за овој натпревар на 24 март. Повредата е минато, почна со тренинзи и секако дека ќе биде еден од нашите адути за полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар.
“Спремен сум, гладен сум за теренот. Ми недостигаат уште неколку тренинзи да се врататам во посакуваната форма, но и тоа ќе биде“ истакна вчера Адеми на медиумите во Хрватска во пресрет на денешниот меч на Динамо со Славен Белупо.
Утринава и селекторот Благоја Милевски за “Спортмедиа“ потврди дека Адеми е спремен.
“Секако дека тоа е добра вест за сите нас. Постојано сум во контакт со Адеми, мислам дека се ќе биде во ред со него. Се разбира дека треба да го одработи и денешниот натпревар“ ни изјави Милевски.